Дениз од хит серијата на Сител го смени изгледот ФОТО

0

Турската актерка Озге Озберг ја запознавте по улогата на несреќната и изневерена Дениз во серијата насловена „Нашата Дениз“, каде уште на почетокот од сценариото има темен живот исполнет со многу препреки.

Но оваа драма не е единствената по која Озге станува препознатлива кај публиката.

Имено, оваа турска актерка има богата кариера од која може да се пофали со бројни филмски улоги, особено такви во серии кои ги снима уште од далечната 1989 година.

Таа е доста активен член на социјалните мрежи, а бидејќи од снимањето на серијата за Дениз поминаа две години, Озге денес изгледа поинаку, со куса темна коса од која изгледа доста поразлично.

Инаку, родена е 1976 година и има завршено драмски уметности на Универзитетот во Истанбул.

Озге Озберг или актерката која ние ја гледаме како Дениз во серијата на Сител која е хит, Нашата Дениз, го смени
имиџот.

Таа ја скрати косата и ја офарба потемна.

Претходна статијаФОТО: Мајсторот не ја послушал „Не се клади на Енглези“, но не погреши – со 20 денари доби 9 000 евра
Следна статијаКривична пријава за Драган Наџински, екс градоначалникот на Берово