Шабан Шаулиќ: Саша Поповиќ ми кажуваше кој кандидат треба да помине во следниот круг

0

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. По напуштање на регионалното шоу, Шабан откри непознати детали за ова музичко шоу.

Тој истакна дека го напуштил шоуто бидејќи не можел да поднесува како неговите колеги ги навредуваат кандидатите кои се лошо облечени.

„Не можев да ги навредувам тие деца. Како да навредувам некој, а можеби нема пари? Можеби е сиромашен, дошол од село и нема ништо подобро. Тоа ме нервираше. Е сега, дали моите колеги им даваа совети или сакаа да покажат колку имаат, а тие деца немаат, не ми е човечки. Поради тоа и Зорица Брнуцлиќ ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, истакна дека не сака да оценува како некој се облекува“, вели Шаулиќ и додава:

„Саша неколку пати ми кажуваше кој кандидат треба да помине во следниот круг, иако тоа не беше по моја желба. Понекогаш ги слушав и ги пуштав да поминат. Можеби тој во кандадите видел некој потенцијал, па мислел дека некој му треба за шоу бизнис, дека ќе направи пари или ќе стане ѕвезда“, вели Шабан.

Извор: Србија данас, преку Вистина

Претходна статијаНа Германија и фалат работници, освен факултетски образовани, работни визи ќе добиваат и квалификувани работници
Следна статијаСе запали култната кафеана “Старо Буре” во Лептокарија (ФОТО)