Силви Бенд: Ние сме еден од најнапатените народи но јас сум горда Ромка

0

Вчеравечер во Старата скопска чаршија, во “Сули Ан” премиерно пред скопската публика беше изведен мјузиклот “Ромален” на двоецот Силви бенд. Станува збор за новото аудио издание на сопружниците, седмо по ред, кое преовладува со рустичност, древност и оригиналност, а во перформансот учествуваат околу 15 луѓе.

„Добровечер драги гости, чест ми е што вечерва сте овде и сте дел од премиерата на нашиот перформанс, беа зборовите со кои Силви го отвори концертот и ја запеа неповторливата “Џелем, џелем”. Ред стихови, ред музика, ред танц… Многу страст, по некоја солза и измешани емоции. Силви од срце пееше за својот народ, за Ромите, за кои прокоментира:

Ромите отсекогаш биле угнетувани, неразбрани… Ние сме еден од најнапатените народи во светот. Јас сум горда Ромка, ние сме добри луѓе, полни со страст, емоции и љубов. Преку “Ромален” тоа сакав да и го прикажам на пошироката јавност и еднаш засекогаш да ги разбијам тие стереотипи.

Влатко, пак, дополни и откри дека “Ромален” всушност значи “луѓе” и рече дека наскоро мјузиклот ќе биде претставен во сите градови ширум земјава, а планираат и голема турнеја надвор од нашите граници.

Ова е втор проек од ваков тип за двојката, пред повеќе од 14 години го осмислија и мјузиклот “Коштана” кој наиде на одличен прием кај публиката и до ден денес се зборува за него.

Извор: Република

Претходна статијаТренд во светот е организирање раазвратни забави, правилата строги, присуствувале ли и Македонци
Следна статијаСудењето и осудувањето е грев, кој ја задушува светлината, која е и очистувачка благодат