Каракачанов: Македонскиот јазик е измислен – ќе гласам против членство на Македонија во НАТО

0

Ако Македонија не го смени своето однесување, нема да гласам за нивен влез во ЕУ и НАТО.

Ова го изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за бугарската ТВ Нова, пренесе Нетпрес.

Јас реагирав правилно. Мојата чаша е прелиена. Не се согласувам Бугарија да прави компромиси за својата историја. Ако не запре фалсификувањето, ќе гласам против членството на Македонија во НАТО.

Таканаречениот македонски јазик е измислен во 1945-та година. Нема зошто да молчам. Си го кажав ставот, а воедно и не очекував поддршка, заклучи Каракачанов.

Во изјавата, како што пренесува бугарскиот портал Њуз.бг, Каракачанов вели дека нема да дозволи компромиси со историјата на Бугарија, коментирајќи ја изјавата на Заев во македонскиот парламент дека со Договорот со Грција се признава македонскиот јазик и никој нема право да се спротивставува на тоа.

„Северна Македонија е географско именување што вклучува и територии од Република Бугарија. Заев утре може да посака целосно идентичен бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик кај нас. Тоа е недозволиво. Тоа е провокација”, вели Каракачанов.

Исто така, тој рече дека работата на бугарско-македонската комисија за историски прашања „оди во насока која не е во корист на историската вистина” и изразува загриженост од фактот што една ипол година по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија не е претставен „список на учебници од македонска страна во кои според тврдењата има националистички, реваншистички, авторитарни тврдења кои ја претставуваат Македонија како новоослободена бугарска земја и се против интересите на македонското општество”.

„Најголемата дрскост од македонска страна е посегањето по приказната за Хан Кубрат, Цар Самуил, Браќата Миладиновци итн., за кои се претендира на историска припадност ”, вели Каракачанов и додава дека е против, како што го нарече, „агресивното однесување” на Македонија.

Тој уште нагласува дека „македонските земји се бугарски и тоа е историски факт”.

Според Каракачанов, историјата на денешна Македонија е заедничка со онаа на Бугарија до 1944 година, па тој бара анекс на Договорот за добрососедство во кој официјалните власти од другата страна на границата ќе го признаат тоа.

„Ако се против тоа, нема да добијат наша поддршка за НАТО и ЕУ. Нема да дозволам компромиси со историјата”, вели Каракачанов.

Претходна статијаЦиклон доаѓа кон Македонија – Ќе натрупа снег викендов
Следна статијаКако старее се поубава: Новогодишното видео на Лила во долна облека го запали Инстаграм