Трпеноски: Изборот на Чадиковски е нелегитимен, немаше мнозинство од присутните членови

0

Претставникот на верификационата комисија на ЗНМ, Горан Трпеноски на неговиот Фејсбук профил објави дека изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ е нелегитимен.

Како што напиша Трпеноски, за да се избере претседател на ЗНМ, за кандидатот треба да гласаат мнозинство од присутните новинари, бројка на гласови која што Чадиковски не ја добил.

Со девет гласови повеќе од новинарот Столе Наумов, за нов преседател на Здружението на новинари на Македонија е избран Младен Чадиковски. За него гласале 86 а за Наумов 77 новинари и медиумски работници.

Prisutni na Sobranieto na ZNM 175 od 555 clenoviCadikovski-86Naumov-77Vkupno-163Nevazecki-6 ili…

Публикувахте от Goran Trpenoski в Събота, 15 декември 2018 г.

Симтоматично е што од вкупно 555 членови на Здружението присуствуваа само 175 а на пет дена пред изборот, беше забрането обновувањето на членството за новинарите иако такво нешто не е предвидено во Статутот. Управниот Одбор гласал по телефон за ваквата одлука на што имаше реакции дека одлуката е нелегитимна.

Иако се бараше одоложување на изборното собрание, досегашниот преседател Насер Селмани тоа не го дозволи. Не можеа да гласаат ниту членовите кои имаа платено членство за наредните две години ама не се регистриртале до 13 часот како што бараше Селмани.

За разлика од изборот на Чадиковски, Селмани во првиот мандат беше избран во демократска атмосфера со право на глас за сите кои ќе се пријават, и на денот на гласање добиваа и членски книшки за да можат да го заокружат кандидатот.

Во Членот 34 од Стаутот на ЗНМ стои дека претседателот се избира со мнозинство од пристуните на изборното Собрание.

Од телевизијата Канал 5 најавија дека во текот на утрешниот ден за настанатата ситуација ќе ја известат Европската Асоцијација на Новинари за да се утврди дали станува збор за случаен превид или намерна измама, која што би го оспорила изборот на Чадиковски.

Претходна статијаУбавец на баба – Росана го покажа внукот ФОТО
Следна статијаЛеден циклон во Македонија: Интензивни врнежи од снег на овие места низ земјава