Заев: Мајка ми работеше како наставник, а татко ми магационер – но сите се занимававме со земјоделие

0

Премиерот, Зоран Заев, им испрати пораки на граѓаните дека Македонија има плодно земјиште кое, рече, треба да се искористи за да се зголеми производството на здрава храна.

Тој посочи на своето семејство како пример дека секој може да се занимава со земјоделство, за дополнителна заработувачка.

-Од бога ни е благословено поднебјето. Ако луѓето немаат мотив да се занимаваат со земјоделство тенденциите ќе бидат опаѓачки. Годинава нема галама, бунтови, штрајкови кај земјоделците, но ова е краткорочно, мора да осигураме профи на долг рок.

Еве како пример, татко ми беше магацинер во „Зик Струмица“, а мајката ми наставник, ние сите се занимававме со земјоделие, ззатоа што на тој начин се вадеа пари, дополнително, екстра.

Мораме тоа да го потикнеме со соодветни полики во земјоделието кои ќе продуцираат ефект – рече Заев на денешната прес конференција во Владата по средбата на Агро комитетот.

Според него со земјоделство може да се занимава и инжинер, политичар или наставник, затоа што, рече, тоа е она што Македонија го нуди.

-Не може во Србија шест тони жито на хектар, а во Македонија три тони. Исто така мораме субвенциите да ги даваме на време, оти ако не ги даваме на време со нив земјоделците ќе си плаќаат струја. Мораме да отвориме нови пазари за пласман. Ќе увеземе нафта, железо, гас, но треба и да го продадеме тоа што имаме за возврат – порача премиерот.

Зоран Заев е роден на 8 октомври 1974 година во Струмица. Родителите на Заев имаат потекло од струмичкото село Муртино. Заев основно и средно образование завршил во родниот крај.

Дипломирал на економскиот факултет во Скопје во 1997 година, а потоа се запишал на магистерски студии на истиот факултет, на студиската програма по монетарна економија. Оженет е со Зорица Заева со која има две деца.

Професионалната кариера ја започнал во фирмата „Тргопродукт“ – Струмица каде работел во периодот 1997–2003, а во 2001 бил именуван за директор на истото претпријатие.

Бил член на управниот одбор на штедилницата „Пеон“ во периодот 1998–2003, како и член во управниот одбор на индустријата за градежни материјали „Еленица“ од 2001 до 2003 година. Во периодот 2000–2003 ја вршел функцијата претседател на управниот одбор на јавното претпријатие „Комуналец” – Струмица

Извор: Република

Претходна статијаОгромни успеси утре ги чекаат овие хороскопски знаци – Дневен хороскоп
Следна статијаКакво време дојде: Нема со кого Св. Никола да прославам, сите другари во странство избегаа