Конечно среќна: Се мажи Ана Севиќ – ова е нејзиниот избраник ФОТО

0

Пејачката и водителка, Ана Севиќ го чека моментот за конечно заврпшување на бракот со фолкерот Дарко Лазиќ, за да заплива во нови брачни води.

-Нејзиниот избраник Данијел ја прифатил нејзината ќерка како своја и одлично се сложуваат.

Бидејќи тој се занимава со приватен бизнис, Ана често патува со него, а српските медиуми пишуваат дека таа добро се согласува и со неговите родители.

Пејачката и водителка Ана Севиќ е особено среќна, бидејќи има нов автомобил со кој се пофали на социјалните мрежи.

Со новата машина, Севиќ се пофали пред следбениците на Инстаграм. Таа ја закачи фотографијата на автомобилот и откри дека долго време го чекала тој момент.

– Здраво убавино! Здраво ѕверу! Долго те чекав и конечно си тука. Најдобри автомобили, најдобар персонал, најдобра соработка и најдобра завршница на годината. Наздравје во тоа име – пишува Ана во описот на фотографијата, а честитки доаѓаат од сите страни.

Дали автомобилот го добила од момчето Даниел или сама си го дозволила, остана тајна… Но како и да е, веруваме дека многумина би сакале да бидат на нејзино место.

Иако пејачката наскоро ќе се разведе од Дарко Лазиќ, сепак не сака да живее заедно со нејзиното момче Данијел, додека не се разведе, а дотогаш ужива во врската.

Дарко Лазиќ првпат прокоментира тоа што Ана Севиќ сакаше да ги тужи неговите родители додека тој лежеше во болница.

Како што вели пејачот тажно е што се занимавала со такви работи додека тој бил во кома, а сигурен е дека неговите родители ништо лошо не кажале за негова сопруга.

„Многу е лошо што Ана сакаше да ги тужи моите родители, односно испрати опомена пред тужба поради тоа што лошо зборувале во јавност за неа. Знам дека моите родители никогаш не плукале по Ана. Едноставно не се такви. Да беше така јас прв ќе реагирав.

Сега треба и јас да тужам што во медиумите излегуваше дека таа плукала по моите родители? Тоа е глупо. Додека бев во болница таа се заниамваше со тие работи. Ги познавам моите родители и да кажеа нешто лошо, ја прв ќе им замерив, ама знам дека не се“ изјави Дарко и откри колку пати Севиќ го посетила во болницата во Земун.

„Додека бев во болница се јавуваше и дојде еднаш во посета. Се слушаме само поради Лорена, јас ќе го завртам нејзиниот број, а таа ќе го даде телефонот на ќерка ми“, вели пејачот.

За потсетување, Ана сакаше да ги тужи родителите на Лазиќ, а во таа прилика нејзиниот адвокат изјави:

„Точно е дека Ана планира да ги тужи родителите на Дарко. Како полномошник на госпоѓата Севиќ ќе го повторам она што го пративме до сите редакции. Сите кои во иднина ќе објават неточни информации ќе мора да ги одговараат.Така е и во овој случај“ изјави тогаш адвокатот на пејачката.

Претходна статијаОваа навика на возачите му наштетува на моторот на автомобилот и знае да предизвика сериозни дефекти
Следна статијаЕрол Ерко: Отворено писмо до ракометарот со број 5 – Дечко олади малку