Африкански бран во Македонија – метеоролозите очекуваат нова промена на времето

0

Во текот на следната недела се поголеми се условите нашата територија да потпадне под влијание на изразено јужно струење кое ќе услови од северните предели на Африка кон нашата територија продор на значително потопла воздушна маса која ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот кој насекаде ќе се искачуваат над 20 степени Целзиусови, додека пак во најтоплите региони за прв пат оваа сезона очекува температури кој ќе се искачат и до околу 30 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Секако со оглед на тоа дека не очекува се поголемо затоплување во текот на следниот период што е и многу нормално, во исто време очекуваме и понатамошен пораст на ултра виолетово зрачење што значи дека ув индексот понатаму ќе бележи тенденција на пораст. Сепак и покрај овој Африкански продор во текот на следната недела не очекуваме целосна стабилизација на времето.

Да напоменеме дека во текот на утрешниот ден повторно не чека посвеж ден со максимални температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 19 степени со што на повеќе места очекуваме повремени локални врнежи од дожд, локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град, на највисоките планиински места повторно очекуваме нови врнежи од снег.

Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пораст и насекаде се очекува да надминат 20. степеин додека пак во најтоплите предели од државава очекуваме температури дури и до близу 30 степени.

Ќе започне да дува и јужен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Нови и обновени информации очекувајте овие денови кога навремено ќе ве информираме околу секоја ново настаната временска систуација.

Претходна статијаГерманија ги отвора вратите за Балканците: Еве какви новини се воведуваат
Следна статијаАпел од Бигорски: Следните Петок и Сабота да не се организираат никакви настани