Во Германија работам како медицинска сестра, добро заработувам, но верувајте, животот е нула

0

Германија за многу луѓе е ветената земја. Но, оние кои таму живеат и добиле работа истакнуваат дека животот таму воопшто не е лесен. Такво искуство има и Емина која работи како медицинска сестра во Германија и решила да ја сподели својата приказна…

Поминаа времињата кога во Германија на оглас за работно место во болница се јавуваа по стотина луге. 58% од болниците во Германија во 2013 година имале проблем со недостаток од стручен кадар. Сите тие барале вработени во просек од по 170 дена во годината.

Емина е една девојка од Балканот, една од оние кои во болница во Германија се вработила во 2013 година со цел да најде подобра иднина за себе во најразвиената земја во Европа.

“Јас имам среќа што во 2005 и 2006 година работев во Германија како дадилка. Тоа ми помогна да го научам добро јазикот и да бидам чекор понапред пред другите кои доагаа од сите страни во светот.”

Емина моментално работи како медицинска сестра во болница во Келн. Стигната е до пола пата треба да чека уште две години за да добие официјална диплома за медицинска сестра.

-Работата не е лесна. Се грижам за многу луге дневно на кои им е потребна помош. Животот е напорен и многу треба да се трудиш за да успееш.

Точно е се заработуваат и многу пари, ама тоа бара да се откажеш од многу работи и животни задоволства. Иако се изгледа дека е прекрасно, искуствата се многу поразлични.

Нема да зборувам за висината на платата, но понекогаш овде е тешко да преживееш со тие пари и да ги покриеш сите трошоци.

Кога не сум на работа или не учам, работам и дополнително со цел да заработам уште пари за подобар живот. Најчесто сум дадилка. Се надевам дека кога ќе завршам со учење, со платата ќе можам да имам подобар живот. Тешко е!

Понекогаш знам да кажам доста ми е од се, каде води ваков живот. Имам свои кризи и тогаш сум многу исцрпена.

Но секогаш барем до сега во тие моменти си поставувам цел пред себе, си велам зарем ќе се откажеш на пола пат. Тоа ми дава сила да продолжам. Јас ги разбирам и младите од Балканот.

Сум била во речиси сите земји од поранешна СФРЈ и гледам дека во сите нив младината е многу слична.

До неодамна и јас живеев таму. Знам како е. Но, овде се е различно. Овде нема секојдневно излегување на кафе.

Им порачувам на сите млади луге кои планираат да дојдат овде во Германија да размислат добро и да бидат спремни на големи одрекувања и жртвувања. Овде не е толку прекрасно како што сите кажуваат.

Од една страна моите блиски и пријатели знаат низ што се поминувам тука, а од друга страна лугето мислат дека сум успеала и сум се спасила што сум побегнала од Балканот. Вие сами размислете кој е во право?!

Претходна статијаРастевме со “Дувна ветре развигорче”, девојчето кое ја отпеа денес е прекрасна жена (ФОТО)
Следна статијаКога се омажив единствен услов ми беше да не живееме со неговите родители, но еве што се случи